сабота, 5 јули 2025

Костадинов обвини дека Латас ја нарекол Струмица бугарски град, новинарот му возврати

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот Фејсбук профил жестоко реагираше на, како што ја нарече, „одбраната“ што ВМРО-ДПМНЕ му ја дава на новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Објавено на

часот

Сподели

„Кога ВМРО-ДПМНЕ одлучува да го стави во одбрана новинарот Драган Павловиќ Латас, треба прво да се погледне во огледало и да се праша: кого точно штити и на чив грб го прави тоа?“, пишува Костадинов.

Тој потсетува дека Латас, во свој подкаст, ја нарекол Струмица „бугарски град“, а со тоа, како што вели, го навредил достоинството на граѓаните. Дополнително, Костадинов потсетува и на јавните сомнежи кои се влечат со години околу Латас, вклучително и, како што наведува, „сериозни обиди за сексуално насилство“.

„Во мојата објава немаше ниту збор за насилство, ниту повик за убиство. Тоа можел да го види само човек што во себе го носи тој мрачен нагон. Јас пишував за одбрана на честа, за семејството, за вистината. И ќе го правам тоа секогаш – гласно, исправено и достоинствено“, наведува Костадинов, истакнувајќи дека неговата критика не била кон „новинарот Латас“, туку кон „човекот Латас“.

Според него, најголемата одговорност ја има ВМРО-ДПМНЕ, која, како што вели, треба да објасни пред јавноста зошто застанува зад човек кој „вели дека Струмица е бугарски град“.

„Ова не е само политички пораз – ова е етички срам. Струмица нема да падне под туѓ јазик, туѓ симбол или туѓа етикета“, завршува Костадинов.

Новинарот Драган Павловиќ Латас одговори на смртните закани од градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов. Латас најави и кривична пријава и додава оти не е битно дали Костадинов „бил нашмркан кога го пишувал тоа“.

„Меѓу неговите другари дилери и пријателите дилбери со дебели вратови и ментални проблеми има кандидати за извршување на неговите намери. Да се докажат пред лигавиот, да му учинат. Но, на крај тие ќе лежат во затвор наместо него, што баш и не им личи прифатливо. И поттикот на убиство извршено од друг е кривично дело“, пишува Латас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ