петок, 30 мај 2025

Кос за средбата со Радев: Можеме да се заштитиме од новите глобални предизвици, ако соседите се со нас

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос е во работна посета на Бугарија, каде имаше средба со претседателот на оваа земја, Румен Радев. На платформата Икс ( поранешен Твитер), Кос ја оцени средбата со Радев како „продуктивна за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ“

Објавено на

часот

Сподели

„Продуктивна средба со претседателот Радев за регионалните предизвици и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Во време на нови глобални безбедносни предизвици, можеме да ја заштитиме нашата слобода, нашата безбедност и нашиот просперитет само ако нашите соседи се со нас“, напиша Кос.

Освен средбата со Радев, еврокомесарката Кос учествуваше и на форумот „ЕУ го среќава Балканот“, во организација на Атлантскиот клуб од Бугарија и АЛДЕ-групацијата од Европскиот парламент, што се одржува во Софија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ