сабота, 12 јули 2025

„Коријада“ во Кисела Вода, собраните средства за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Во паркот „Шопен“ денеска се одржа традиционалната манифестација „Коријада“, организирана од Здружението на пензионери на Општина Кисела Вода.

Објавено на

часот

Сподели

На штандовите, посетителите имаа можност да купат бели печива, подготвени лично од членовите на здружението. Средствата собрани од продажбата оваа година ќе бидат наменети за семејствата на настраданите и повредените од трагичниот настан во Кочани.

Покрај продажбата на печива, настанот беше збогатен со културно-уметничка програма. Настапија играорни групи, пејачи од Здружението, како и хорот „Вања Лазарова“.

Општинската прес-служба информира дека меѓу присутните бил и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој купил од подготвените производи и упатил поддршка до пензионерите и нивниот ангажман.

„Горди сме на нашите пензионери кои и покрај годините, со неисцрпна енергија, ентузијазам и хуманост го збогатуваат општествениот живот во Кисела Вода. ‘Коријадата’ не е само манифестација на традиционална кујна, туку и симбол на солидарност, култура и човечност. Општина Кисела Вода и понатаму ќе стои цврсто зад ваквите иницијативи, кои не само што негуваат вредности, туку и оставаат вистинска трага во животите на луѓето“, изјави Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ