Како што соопштија од МВР, на подрачјето на општина Карпош биле извршени контроли во шест угостителски објекти, две казина и други објекти и притоа од слобода било лишено едно лице за поседување дрога, три биле приведени за утврдување на идентитет, била преземена една мерка по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, биле преземени 37 мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а две возила биле подигнати со специјално возило „пајак“.
Додека, пак на подрачјето на општина Кисела Вода, се додава во соопштението, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контроли во седум казина и седум угостителски објекти. Во шест казина констатирани биле прекршоци од Законот за пушење, Законот за лична карта како и Законот за приватно обезбедување, а кај еден угостителски објект е констатирано дека нема одобрение за летна тераса, додека кај еден угостителски објект е констатиран прекршок за пречекорено работно време.
За сите прекршоци изречени се соодветни санкции, наведуваат од МВР.






