Како што информираат од Општината, до сега оваа услуга се реализираше неколку пати годишно, во соработка со службите на Град Скопје, но од сега услугата ќе биде достапна континуирано, секогаш кога граѓаните ќе имаат потреба.

„Пријавувањето за подигнување на кабаст отпад се врши на телефонскиот број: 070/288-897, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот. Цената на услугата е 1500,00 денари. По извршена пријава, екипите на ЈКП ќе го подигнуваат отпадот во рок од 24 часа. Потребно е да биде оставен пред куќата или зградата“, велат од Општината.
Собраните количини на кабаст отпад се транспортираат и соодветно се депонираат во ЈП „Дрисла“, во согласност со важечките еколошки стандарди.
Како кабаст отпад може да се пријави: стар мебел, врати, прозорци, душеци и друг кабаст домашен отпад. Не се прифаќаат градежен шут, електронски отпад, гуми, како и опасен отпад, како бои и хемикалии.
Од Општина Кисела Вода апелираат до граѓаните да го депонираат отпадот согласно законските прописи и да придонесат за одржување на чиста и уредна животна средина.






