среда, 21 мај 2025

Коњановски: Поднесени се 30 проекти за Битола од владините средства

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес потпиша повеќе од 30 проектни апликации кои ќе бидат поднесени на вториот повик од Владата за поддршка на општините.

Објавено на

часот

Сподели

Со овие апликации, велат од општината, ќе се обезбеди финансиска помош за реализација на приоритетни проекти кои се од значење за граѓаните и локалниот развој.
„Со поднесувањето на овие апликации покажуваме подготвеност, транспарентност и визија за подобра Битола. Ќе продолжиме со интензивна работа на сите нивоа за да обезбедиме што повеќе средства и инвестиции во нашата општина,“ изјави Коњановски.
Проектите се од различни области – инфраструктура, енергетска ефикасност, образование, животна средина и култура – и се дел од стратешкиот план на општината за унапредување на квалитетот на животот во Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ