„Категорично ги демантирам сите објави низ социјалните мрежи со кои се прави кампања против мене и се наведува дека јас сум се поставил над законот. Тоа е апсолутно неточно. Пред законот сите граѓани сме еднакви. Да, направив сообраќаен прекршок. Човек сум и јас можам да погрешам“, наведува Коњановски.
Истакнува дека верува во ред, одговорност и еднаквост пред законот.
„Токму затоа, казната за сторениот сообраќаен прекршок ја платив веднаш, без двоумење. Секој од нас треба да биде пример, коректор на себе, а потоа и пример за другите. Не се кријам, не се оправдувам и не барам никаква привилегираност. Во животот никој не е безгрешен, но чесноста, праведноста и коректноста, секогаш мора да бидат патиштата по кои ќе избереме да се движиме“, посочува Коњановски во објавата.

Градоначалникот на Битола во објавата на Фексбук приложи и фотофрафија од казната за сообраќајниот прекршок.






