петок, 2 мај 2025

Kоњановски: Битола е во инфраструктурен раст

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на денешната седница на Советот, говореше за состојбата на јавните претпријатија во Битола, нагласувајќи дека Битола е во вистински инфраструктурен раст.

Објавено на

часот

Сподели

Општина Битола, во делот на капиталните расходи, има значително зголемен процент на реализација, во споредба со периодот од 2018 до 2021, кога реализацијата била од 38,17% до максимум 64,21%, а во последните 3 години се движи од 71,52% до максимум 77,38% а за 2024 овој процент изнесува 72,75 %.

„Денес, кога на дневен ред се наоѓаат завршните сметки за финансиското работење на јавните претпријатија, пред да навлеземе во анализа на бројките, сакам да потенцирам, дека во овој период 2021 – 2025, работењето на јавните претпријатија е со значително зголемен обем, со видливи проекти, намален број на вработени и без нови кредитни задолжувања.

Деновиве, од страна на некои политички субјекти, популарно е да се зборува дека ‘Битола е во стечај’, ставајќи акцент на финансиските извештаи на јавните претпријатија. Но, тука сум да ве уверам дека: Битола е во вистински инфраструктурен раст, за што потврда се бројните инфраструктурни, капитални и други проекти, во чија реализација се вклучени токму нашите јавни претпријатија. Еден од тие проекти започнува и денес, конкретно проектот за реконструкцијата на улицата ‘11 Март’.

Денес кога можеме да се пофалиме со успешно отпочнување на процесот на електронско аплицирање за субвенционирање за дограма и реално спроведување на дигитализација, за жал сѐ уште мораме да зборуваме и за канализација, во која на многу локации со децении не беше инвестирано.

Тука повторно ќе споменам дека, реализацијата на проектите на општината, активно ги вклучува нашите јавни претпријатија, кај кои наскоро добрата организација и проектите кои ќе следуваат, ќе имаат позитивно влијание врз финансиската состојба на претпријатијата.

Тоа што е најважно е дека во овој момент претпријатијата немаат непродуктивни трошоци, имаат значително намалување на трошоците за репрезентација и зголемување на трошоците за плати за вработените, а притоа цените на услугите за граѓаните остануваат непроменети, кај некои претпријатија, веќе 30 години“, рече Коњановскипред советниците на Битола и додаде дека се чека и на реализацијата на 16 нови проекти за кои се одобрени средства од Владата и двојно повеќе кои наскоро ќе бидат аплицирани и чија реализација ќе се врши заедно со јавните претпријатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ