сабота, 20 декември 2025

Конгрес на ДУИ, Ахмети останува, командантите во пензија

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Скопје ќе го одржи петтиот конгрес. Најавена е реорганизација и обнова на структурите и дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец. Според партиски извори ова подразбира подмладување на партиското раководство, ветераните од УЧК ќе се пензионираат, а Али Ахмети ќе остане претседател на ДУИ.

 

 

Објавено на

часот

Сподели

Стратешките цел на ДУИ остануваат исти – интеграцијата во ЕУ, почитување на рамковниот договор, економската благостостојба на граѓаните и зелената агенда. Но сето ова по подмладувањето на партијата и затворање на некои негативни поглавја во партијата.

По поразот на локалните избори, најавени се и статутарни промени во ДУИ, забрана на акумулација на повеќе функции кај еден човек и промени во внатрешното функционирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ