сабота, 27 декември 2025

Конгрес на АА на Села – во првата половина на 2026 година

Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села во првата половина на 2026 година ќе одржи партиски конгрес, било одлучено на денешниот состанок на петтото Собрание.

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува во партиското соопштение, Собранието формирало и централната комисија за организација на конгресот, која ќе ја води пратеничката Илире Даути. Оваа комисија ќе има задача да организира и реструктуирање на подограноците, ограноците и другите тела на партијата до одржувањето на конгресот.

На денешниот состанок бил презентиран и извештајот за последните локални избори, а било дискутирано и за политичката состојба во земјата.

„Со овие одлуки, Алијансата за Албанците започнува со реорганизација и зајакнување на партиските структури, за враќање на партијата во најголема политичка сила на Албанците во земјата, преку развивање на нејзината идеологија, програма и политичка визија“, се наведува во соопштението од АА на Села.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ