петок, 6 март 2026

Концесионерот почна со издавање дозволи за рекреативен риболов на блинкер на Охридското Езеро

Станува збор за рекреативен риболов во делот на Охридското Езеро што го опфаќа македонскиот дел од езерото односно потегот од крајбрежјето од Свети Наум до селото Радожда, како и целиот слив на Охридско Езеро со каналот Студенчишта, како и Коселска Река, Белошка Река, реката Черава и нејзините притоки, како и Сатеска со сите нејзини притоки. Дозволите за риболов не опфаќаат делови на водната површина на езерото определени како риболовни зони како што се изворите кај Свети Наум и заштитените зони во езерото на кои е забранет риболов со Закон.

Објавено на

часот

Сподели

Дозволите предвидуваат рекреативен риболов со блинкер на влечење од чамец, и тоа само во неделите и државните празници во периодот кога е дозволен риболов, почнувајќи од 8 март до 11 ноември годинава, кога започнува целосната забрана за риболов на тој вид риба.

Според одредбите ќе биде дозволен риболов на пастрмка и белвица со блинкер на влечење со чамец, со најмногу два стапа на пловен објект со по максимум десет блинкери по стап. Дневната дозвола за блинер ќе чини 1.500 денари, додека лица со потврда за инвалидитет ќе плаќаат половина од цената.

Заловената риба ќе се контролира и мери согласно законските одредби. 

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ