четврток, 12 јуни 2025

Комунална хигиена тврди дека чаирскиот градоначалник Ганиу незаконски фрла ѓубре на диви депонии

Од кога стана измеќар на ВМРО ДПМНЕ, Висар Ганиу во континуитет го напаѓа јавното претпријатие Комунална Хигиена, а во најновиот скандал кој го предизвика со противправно исфрлање и собирање смет му е одземено возило од страна на Министерството за внатрешни работи. Ганиу треба да каже ѓубрето што го собира каде го фрла, бидејќи нема склучен договор со единствената санитарна депонија Дрисла, велат од Комунална хигиена откако денеска градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу преку соопштение изрази загриженост, за како што вели, постапката на Градскиот инспекторат на Скопје, кој денеска ја известил полицијата за да ја запре работата на камионот за собирање отпад околу контениерите, ангажирани од општината  и се обидел да го конфискува.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Комунална хигиена јавно го прашува градоначалникот на Чаир Висар Ганиу каде го фрла ѓубрето што го собира, бидејќи, како што тврдат оттаму, тој не го одлага во Дрисла туку со ѓубрето прави диви депонии со кои ги труе граѓаните на Скопје.

„Од некој што 20 години црпел привилегии од ДУИ, Висар Ганиу минимум би требало да се срами да зборува за своите долгогодишни сопартијци кои ги молел на колена да го кандидираат и гласаат за градоначалник на Чаир. Од неговото измеќарување за ВМРО ДПМНЕ во овој мандат, како единствени проекти ќе останат стотиците дивоградби низ Чаир кои не може да ги легализира и две уметнички инсталации од запалени автомобили кои се поврзуваат со неговото име и предметните дивоградби.
Јавното претпријатие Комунална Хигиена редовно ги извршува своите работни активности по оперативниот план на Советот на Град Скопје, а одлуките на Комунална Хигиена ги носи управниот одбор на претпријатието поставен од коалицијата ВМРО ДПМНЕ-Вреди“, велат од Комунална хигиена.

Градоначалникот на Општина Чаир Висар ганиу денеска преку соопштение изрази загриженост, за како што вели, постапката на Градскиот инспекторат на Скопје, кој денеска ја известил полицијата за да ја запре работата на камионот за собирање отпад околу контениерите, ангажирани од општината  и се обидел да го конфискува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ