„Апелираме да се проверуваат информациите особено кога станува збор за тврдења кои можат да создадат забуна или да доведат до недоверба во институциите. Министерството за здравство продолжува да работи согласно законските обврски и со принцип на транспарентност во своите активности“, соошти МЗ.
Наспроти ова е соопштението на КХС во кое се вели дека Министерството за здравство мора да исплати пет милиони евра кои ги должи за да се спречат доцнењата со исплатата на платите.
„ЈП Комунална хигиена Скопјe (КХС) потврдува дека платите на
вработените се исплаќаат редовно со неколкудневно задоцнување. КХС е
посветена на навремена исплата на плати за вработените. Институции раководени од кадри на ВМРО и други — не добиле плати повеќе од три месеци. На пример, во ЈКП Пехчево, ЈКП Тетово, во Врапчиште, во Градско, Миравци, погребни услуги ЈП Охрид –
Охрид, Хигиена Чегране доцнат со платите, но истиот синдикат кој е политички инструментализиран не протестира во тие претпријатија бидејќи тоа ќе им наштети на ВМРО и Вреди. КХС е загрижен дека се во тек напори за организирање протести само поради петдневно задоцнување во исплатата на платите на КХС, што е смешно.
Ако Министерството за здравство го исплати долгот во целост, КХС ќе може да гарантира дека платите никогаш нема да доцнат, дури ни за еден ден. Нашите вработени испорачуваат основни услуги за градот, а постојано сме саботирани од луѓе од власта. Ние ги исплаќаме платите на време и ќе продолжиме да го правиме тоа. Апелираме до Министерството за здравство веднаш да го исплати долгот од 5 милиони евра, за да не може никаков надворешен притисок или политичка акција да ја загрози егзистенцијата на нашите вработени“, соопштија од КХС.
Без разлика на соопштенијата, Скопје е преплавено во ѓубре.






