среда, 11 јуни 2025

Комунална хигиена не исплати 12.000 евра за интелектуални услуги договорени со синот на Беџети од ДУИ

Извршени интелектуални услуги – заштита на животната средина, давање совети за заштита на животната средина при вршење на услугите на претпријатието. Ова е услугата која Валон Беџети ја дал или требаше да ја даде за ЈП Комунална хигиена – Скопје. Цената на оваа услуга, бруто, според договорот е 775.000 денари. Инаку Валон Беџети е син на Блерим Беџети, координаторот на пратеничката група на ДУИ, сопартиец на директорот на Комунална хигиена – Скопје Сабахадин Рустеми.

Сабахадин Рустеми, директор на ЈП Комунална хигиена - Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Договорот (бр.57254) за оваа интелектуална услуга е склучен на 25 февруари годинава. Според договорот, Валон Беџети е застапуван од Агенцијата за деловно посредување и застапување на авторски права Веда. Во договорот се споменуваат барања и спецификации од ЈП КХС кои Валон Беџети треба да ги исполни.

Одговор од ЈП КХС за тоа за какви барања и спецификации не добивме. Но, добивме одговор дека пари за ова не биле исплатени. Еве го одговорот на ЈП КХС:

„Согласно важечката позитивна правна регулатива, не постои склучена спогодба која би можела да се смета за правно обврзувачка, при што сите засегнати страни се навремено информирани за тоа. Следствено, и покрај можноста за постоење на интерен акт донесен во рамки на актите за организација и систематизација на работните места во претпријатието, укажуваме дека истиот не е спроведен во пракса, ниту е реализирана каква било исплата по таа основа. Поточно, по однос на наведениот акт не се исплатени парични средства, надомест, ниту каква било друга материјална или нематеријална придобивка“.

Сабахадин Рустеми во друштво со Блерим Беџети

Инаку, Јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје 2024 година ја заврши со нето загуба од 74.665.591 денари.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ