недела, 7 декември 2025
Нов директор, стари проблеми

„Комуналец“ пак не работи, во Долно Лисиче стаорци и ѓубре по улиците

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ повторно не работи. Доказ за тоа се кантите во Долно Лисиче и околината кои веќе втора недела се полни. На ова место, кога функционираше собирањето на сметот пред околу половина година, ѓубрето се собираше секој петок. Жителите велат дека службата треба да знае дека треба да дојде еднаш неделно, а не постојано да им се ѕвони и да пријавуваат дека кантите се полни.

Објавено на

часот

Сподели

Откако настана проблемот со натрупаното ѓубре низ цело Скопје, во Долно Лисиче камионот за собирање смет дојде и го собра ѓубрето во придружба на инспектори од Град Скопје пред еден месец. По ова, жителите пријавуваа и камионите за смет дојдоа уште еднаш, за сега повторно да го заборават ова место.

Иако овие жители се редовни плаќачи, „Комуналец“ повторно ги заборави, иако им беше кажано дека со изборот на Орце Ѓорѓиевски за нов градоначалник на Скопје и со изборот на нов директор на „Комунална хигиена“ ѓубрето ќе се собира редовно, а тоа значи секој петок.

По улиците освен ѓубре сега има и стаорци кои се извор на зараза. Во Долно Лисиче не се собира ѓубрето, а уште помалку некому да му текне да ги измие улиците.

И покрај новите избори на одговорни лица, останаа старите проблеми.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ