Но, сликата не е ваква само летово, туку речиси цела година. Кантите во Долно Лисиче Комунална хигиена ги празнеше секој петок, но последната година за ова треба посебни молби и поплаки од граѓаните, па дури тогаш некој да се сети дека и овие жители, како и сите останати скопјани заслужуваат чисти улици.
Залудни се јавувањата и молбите на граѓаните на телефонските броеви на Комунална хигиена, бидејќи оттаму постојано велат дека ќе поминат, но ѓубрето си стои, а причината зошто е ваква состојбата никој не ја кажува.
Можеби некој ќе сфати дека никој, а особено не граѓани кои се редовни плаќачи не заслужуваат да живеат во вакви услови, каде на секое ќоше и пред секој двор на улицата постои опасност од потенцијална зараза.