четврток, 12 јуни 2025

Комплетно реновирање и на Клиниката за гинекологија во Скопје (ВИДЕО)

Од денеска почна комплетното реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје. Реконструкцијата е во износ од 29 милиони денари со што, се очекува, да се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.

Објавено на

часот

Сподели

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска Папестиев истакна дека со оваа инвестиција ќе бидат реконструирани и реновирани платото пред самата Клиника, чекалните, амбулантата, лабораториите и специјалистичките кабинети, со цел, како што рече, пациентите да добијат побезбеден пристап до Клиниката, како и поефикасна и поквалитетна дијагностика и третман.

„Со цел унапредување на здравствените услуги, како и подобрување на здравствената заштита на жените во нашата држава најавуваме значајна инвестиција на Клиниката за гинекологија и акушерство. На нашата Клиника има голема фреквенција. Најголемо родилиште со околу четири илјади породувања, операции минимални до сложени гинеколошки кои се околу пет илјади и 73 илјади специјалистички и супспецијалистички  прегледи. Целата оваа фреквенција, како и неводењето грижа за одржување најавува потреба од една инвестиција од 29 милиони денари, со која што ќе биде реализирана до крајот на оваа година“, соопшти директорката на Гинекологија.

Премиерот Христијан Мицкоски упати благодарност до персоналот, докторите, медицинскиот персонал, сите кои што се дел од јавното здравство, кои се дел од оваа клиника, кои, како што рече, имајќи ги предвид условите во кои што работат – даваат натчовечки напори да направат нешто повеќе и за граѓаните, но и за самото јавно здравство.

„Ние како Влада, ќе продолжиме и понатаму да инвестираме и да помагаме, се разбира, колку што можеме. Оваа година буџетот на Фондот, ако се спореди со оној буџет да речеме ковид годината 2020, 2021 е за некои 18 милијарди денари повисок, тоа е околу 300 милиони евра, што е значителна сума. Дали е доволно? Никогаш не е доволно. Но ако имате близу 900 милиони евра буџет, тогаш тоа е нешто што е значајно, бидејќи 53 милијарди денари е буџетот. Знаете дека се зголемија платите и за медицинскиот персонал и за техничкиот медицински персонал, за докторите. Така и ќе продолжиме, имаме една динамика која што е утврдена“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ