Kам соработува со повеќе од 160 домашни производители, а на македонскиот пазар во 2024 година пласираше домашни производи во вредност од над 113 милиони евра. Речиси 3 милиони евра е извозот што во 2024 година го реализирале македонските производители преку продажната мрежа на Kам на пазарите во Бугарија и Косово.
„Поддршката на домашното производство е клучен двигател на економскиот развој. Горди сме што соработуваме со голем број македонски производители, нудејќи им стабилен пласман и фер услови за раст. Оваа соработка не само што овозможува свежи и квалитетни производи на нашите рафтови, туку и директно придонесува за отворање на нови работни места и зајакнување на локалните економии низ целата држава. Како компанија, остануваме посветени на создавање вредност дома – за производителите, за потрошувачите и за заедницата во целина“, велат од Кам.
Според податоците од „Бизнис мрежа“, компанијата и во 2024 година го задржува приматот на најголем работодавец помеѓу трговските синџири со повеќе од 1.400 вработени и е прогласена за вработувач кој обезбедува највисока просечна плата помеѓу конкурентите во категоријата.
Во моментов, компанијата функционира со 85 маркети во Македонија и 26 маркети во Бугарија. Во Македонија, Кам минатата година остварил приход од над 298 милиони евра и профит од речиси 7 милиони евра. Вложувањето во модернизација на продажната мрежа и поддршката на локалната заедница се само дел од стратегијата на компанијата да остане сигурен и одговорен партнер на македонскиот пазар.