петок, 12 декември 2025

Комисијата за заштита на конкуренцијата се сомнева дека повеќе од 40 авто-школи работеле усогласено

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) соопшти дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Републикава, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 авто-школи.

Објавено на

часот

Сподели

„При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – картел при формирањето на цените за обука на кандидатите за возачи што преставува потенцијално прекршување на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата“, се наведува во соопштението од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Од Комисијата посочуваат дека ќе продолжат со интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите релевантни факти и доколку се потврди постоење на забрането договорно дејствување, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ