Со овие измени Комерцијална банка значајно го олеснува користењето платежни сметки, банкарски картички и електронско банкарство, како и вршењето трансфери на средства.
„Целосно ќе се укинат дел од надоместоците за физички лица. Кредитните трансфери во интерен платен промет кон платежни сметки на физички лица преку електронско банкарство (интернет банка и мбанка) и натаму остануваат без надомест, а отсега без надомест ќе бидат и трансферите преку електронско банкарство кон платежни сметки на правни лица во банката. Се укинува и надоместокот за повлекување готовина од платежна сметка во девизи и од неорочени штедни депозити во девизи на резиденти физички лица. Како лидер и носител на најновите трендови во дигиталното банкарство во земјава, банката одлучи електронското банкарство за физички лица да го овозможи без надомест за клиентите што ќе изберат некој од КБ пакетите. Исто така, со новите услови наместо досегашните три, физичките лица месечно ќе имаат 10 бесплатни проверки на состојба со дебитна картичка на банкомат. Стандардните дебитни картички за приматели на плата и пензија и натаму остануваат без надомест, а водењето платежна сметка за физички лица, како и до сега, ќе се наплаќа само доколку клиентот има активност во тековниот месец“, информираа од Комерцијална банка.
Воедно, банката до 66 отсто ќе ги намали голем број од надоместоците за платежни услуги за граѓаните.
„Кредитен трансфер преку шалтерите на Банката кон платежни сметки на физички и правни лица во банката, намалување во просек за 66 отсто. Кредитен трансфер преку шалтерите на банката кон сметки во други банки преку КИБС, намалување во просек за 55 отсто,кредитен трансфер преку електронско банкарство кон сметки во други банки преку КИБС, намалување во просек за 35 отсто,кредитен трансфер преку шалтерите на банкатакон сметки во други банки преку МИПС намалување за 64 отсто, кредитен трансфер преку електронско банкарство кон сметки во други банки преку МИПС, намалување за 50 отсто,месечен надомест за одржување платежна сметка со основни функции намалување за 41 отсто,месечен надомест за користење електронско банкарство (интернет банка или м-банка) намалување во просек за 45 отсто и ќе се наплаќа само доколку клиентот ја користи услугата во текот на месецот,месечен надомест за користење КБ пакети, намалување во просек за 43 отсто, повлекување готовина со дебитна картичка од банкомат на друга банка во земјата намалување за 40 отсто кај минималниот надомест, уплата во готово преку МИПС намалување за 62 отсто и повлекување готовина од платежна сметка во денари и од неорочени штедни депозити на резиденти преку шалтерите на банката, намалување за 66 отсто кај минималниот надомест“, информираа од Комерцијална банка.
Истовремено, Комерцијална банка донесе одлука за укинување на надоместокот за кредитни трансфери од сметки на правни лица кон други сметки во банката, извршенипреку електронското банкарство. Извршени се и намалувања на надоместоците за кредитни трансфери од сметки на правни лица кон сметки во други банки преку платните системи КИБС и МИПС КИБС и МИПС, со намалување и до 30 отсто на трансферите извршени преку електронското банкарство.
Овој потег на Комерцијална банка е израз на мотото „Полесно е заедно“, во кое
длабоко веруваме. Како системски значајна банка која ја има довербата на над
300.000 клиенти физички лица со активни сметки и над 23.500 компании со
активни сметки, Комерцијална банка останува доследна на својата мисија да
обезбедува иновативни, пристапни и кориснички ориентирани финансиски
решенија, кои го олеснуваат секојдневието на луѓето и придонесуваат кон
успешен и напреден економски систем.
Повеќе детали за намалувањата на надомест






