Интернет банката дозволува лесно управување со платежни сметки, депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени за максимално безбедни финансии.
Новата Интернет банка обезбедува подобро корисничко искуство со лесен пристап до производите, иновативни алатки за анализа на трошоци и поставување финансиски цели, поедноставени плаќања и побрза обработка на трансакции, персонализирани услуги според сечии потреби и максимална безбедност и контрола на сметки и платежни картички.
Комерцијална банка со новиот портал за електронско банкарство уште еднаш ја истакнува својата посветеност на иновациите и дигитализацијата, поставувајќи нови стандарди во банкарските услуги.
„Со оваа значајна надградба на нашето електронско банкарство сакаме да им понудиме на клиентите алатка која ги олеснува секојдневните трансакции и им помага да бидат поефикасни во управувањето со личните или деловните финансии. Нашата посветеност на иновациите и дигитализацијата е носечка сила на овие новитети. Веруваме дека новата Интернет банка ќе им донесе на клиентите уште подобро корисничко искуство и заштеда на време и ресурси“, изјави Никола Џамбазовски, главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.
Новата Интернет банка е изработена во соработка со водечката домашна компанија за дигитална трансформација Некстсенс.