петок, 27 март 2026

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционерите

Комерцијална банка АД Скопје денеска го одржа редовното Годишно собрание на акционерите.

Објавено на

часот

Сподели

Акционерите потврдија дека банката ја заврши 2025 година со бруто-добивка во износ од 5.632,5 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 555,2 милиони денари, нето-добивката на банката изнесува 5.077,3 милиони денари.

Акционерите на банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 5.077,3 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 135% од номиналната вредност на акцијата, односно по 1.350 денари на една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне на 4 мај.

Заради зголемување на вкупниот капитал на банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 1.600,5 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 400 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2026 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на банката.

Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, годишната сметка на банката и консолидираната годишна сметка на банката за 2025 година и годишниот извештај за работењето на банката во 2025 година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ