Бременоста и периодот на доење носат природни, но често и изразени промени, особено во пределот на абдоменот и градите, кои не секогаш се коригираат целосно со физичка активност и урамнотежена исхрана. Во таа смисла, Mommy Makeover претставува концепт кој ги обединува најсоодветните хируршки решенија со јасна цел, корекција на ткивната релаксација, подобрување на формата и враќање на пропорциите, во рамки на реални очекувања и медицински оправдани индикации.
„Во зависност од наодот и потребите на пациентката, третманот најчесто вклучува абдоминопластика (затегнување на стомакот), со која се отстранува вишокот кожа, се зацврстува абдоминалната структура и се постигнува порамна и поцврста абдоминална контура. Дополнително, кај пациентки кај кои по доење и со текот на времето се јавува промена во формата и позицијата на градите, се применува подигнување на гради (мастопексија), со цел да се врати поприродна позиција и постабилен, младешки изглед, без компромис со природноста“, вели д-р Живорад Коцевски, пластичен реконструктивен и естетски хирург во клиниката.
Секој план се креира индивидуално, по детална специјалистичка консултација и проценка, при што се разгледуваат очекувањата, можностите, индикациите и постоперативниот тек, а одлуката за опфатот на интервенциите се носи внимателно и персонализирано, со примарен фокус на безбедноста и медицинската оправданост на пристапот.
„Mommy Makeover не е универзално решение, туку внимателно испланиран пристап кој го усогласуваме со анатомијата, здравствената состојба и целите на секоја пациентка. Наш приоритет се безбедноста, реалните очекувања и природниот резултат. По детална проценка, одредуваме кои интервенции се навистина оправдани и како да обезбедиме предвидлив тек на закрепнување и стабилен резултат“, дополнува д-р Коцевски.
За пациентките кои размислуваат за оваа услуга, во клиниката „Жан Митрев“ е достапна можност за бесплатна консултација, како прв чекор кон информирана одлука и индивидуален план на третман.
Комерцијален текст






