недела, 14 декември 2025

Колони возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини. На ГП Табановце утрово времето на чекање за излез од државава е околу 30 минути, додека на ГП Богородица се чека околу 40 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

Од АМСМ информираат дека поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ