петок, 9 јануари 2026

Колона од возила на граничниот премин кај Делчево

Поради електронско внесување на податоци за патници кои не поседуваат пасоши од Европската Унија, моментално е формирана колона од возила на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково на македонско-бугарската граница.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Патници кои го користат годишниот одмор за МИА информираат дека колоната е долга околу еден километар.

„Секој патник што не е со европски пасош Бугарите го внесуваат во системот – се земаат слики и отпечатоци. Една кола ја задржуваат од 10 до 15 минути“, изјави за МИА граѓанин од Делчево кој годишниот одмор ќе го користи во соседството.

Од македонска страна, граничната контрола се одвива редовно и без застои, а гужвата се создава исклучиво поради дополнителните проверки и процедурите на бугарска страна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ