вторник, 23 декември 2025

Кoj ќе биде работодавач на годината?

Трета година по ред настанот „Работодавач на годината“ ќе го даде одговорот на прашањето – Која компанија е најпосакувано место за работа во Македонија?
Организиран од сајтот Вработување.ком, овој настан стана препознатлив белег за корпоративна одговорност, грижа за вработените и култура на работното место. Вечерта ќе биде посветена на оние компании кои – според мислењето на јавноста – не само што нудат добра плата, туку и вистинско чувство на припадност, развој и стабилност.

Објавено на

часот

Сподели

Ке бидат доделени награди по категрии следејќи ги трендовите на пазарот на труд, а оваа година за првпат ќе бидат прогласени прво, второ и трето место во категоријата „Најпосакуван работодавач“ – врз основа на анкетен прашалник дистрибуиран на национално ниво.
 За сите заинтересирани компании и HR професионалци,пак, ќе биде достапен и специјален извештај од истражувањето – со увид во перцепцијата на брендот како работодавач и анализа на очекувањата на потенцијалните кандидати.
Традиционално настанот Работодавач на годинaата се поклопува со роденденот на сајтот Вработување.ком кога ќе се прослават и 22 години од отворањето на првиот портал за огласување на работни места.
Настанот ќе се одржи денеска во Хотел Лимак во Скопје со почеток во 20:30 часот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ