Борјан Ефтимов од „Кој е следен?“ рече: „Како граѓани сме фрустрирани од неактивноста на Собранието. Не само овие две недели, Собанието и претходно е пасивно. Кога одат пратениците на одмор, решивме да се собереме и да дискутираме за проблемите“.
Барањата беа упатени до Државниот пазарен инспектоарт, Министерство за економија, МВР, Инспекторат за урбанизам, локалната самоуправа во Кочани, Дирекција за заштита и спасување, Управата за јавни приходи и консултативното тело за превенција во Кочани.
На собирот беше побарано објавување на документацијата и за случаите со Беса транс, Дурмо турс, Онкологија и модуларната болница.
„Кога заминуваат тие на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Демократијата не оди на пауза. Не затоа што немаме што да правиме, туку затоа што имаме што да кажеме. Граѓаните ќе зборуваат, ќе критикуваат, ќе поддржуваат, ќе го кажат тоа што тлее предолго. Ова е простор за гласот што не сакаат да го слушаат. Ова е твојот простор. Наш простор“, велат од „Кој е следен?“.