недела, 21 декември 2025

Кога чесноста ја води трката, резултатот е победа за целото општество, порача Гаши пред почетокот на изборната кампања

Изборите не се институционална формалност. Тие се основно право и реален инструмент за граѓаните да изберат раководители со интегритет, визија и посветеност кон јавниот интерес.
Свесен за обединувачката должност што ја имам, чувствувам обврска да упатам јасен повик до сите политички субјекти, кандидати и организациски структури, институциите и медиумите, активистите и граѓаните, да покажат висок степен на политичка и граѓанска култура. Да се воздржат од секоја форма на притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси, изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши пред утрешниот почеток на кампањата за Локални избори 2025.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Собранието веќе се изјасни за сплотеност преку Заедничката декларација за фер и демократски избори. Ве потсетувам дека почитувањето на оваа Декларација е морална и политичка обврска за секој учесник во оваа кампања. Политичката трка треба да се одвива во духот на една здрава демократија. Да биде трка на идеи и програми – без инциденти, без заплашувања, без навреди или омаловажувања. Граѓаните заслужуваат почит, а демократијата бара одговорност. Демократијата не се мери со победата на еден поединец или партија, туку со достоинството на изборната трка. Затоа, со доверба очекувам овој изборен процес да биде сведоштво за нашата демократска зрелост и одраз на нашите европски аспирации“, рече Гаши.

Тој на сите кандидати и партии им посака успех и достоинствена кампања, насочена кон потребите на граѓанинот.

„Бидејќи, кога чесноста ја води трката, резултатот е победа за целото општество!“, вели Гаши.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ