понеделник, 23 март 2026

Кочанските угостители доброволно ги отстранија нелегалните градби (ВИДЕО)

Владко Грозданов, градоначалник на Општина Кочани, денеска  преку видео обраќање информираше за презмените активностите во врска со  отстранувањето на бесправно изградените објекти на јавна површина  пред угостителските објекти во Трговскиот центар – блок А во Кочани.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Денес во Општина Кочани се спроведува законот на мирен, културен и заеднички начин. Сопствениците на пицериите и кафетериите во Трговскиот центар во Кочани започнаа отстранување на бесправно доградените делови од јавните површини, во согласно со законот и договорените рокови и обврски што ги утврдивме заеднички на состаноците на почетокот на годината. Сакам да истакнам дека нивниот одговорен пристап е позитивен пример за почитување на законите и заедничката грижа за јавниот простор. Со овие активности обезбедуваме поголема безбедност, сигурност и проодност што е најважно за безбедно движење на граѓаните. Јавните површини мора да бидат достапни и функционални за сите, за пешаците, родителите со деца, повозрасните лица и лицата со попреченост“, порача градоначалник Владко Грозданов, во своето видео обраќање пред граѓаните на Кочани.

Истите обврски, стандарди, нагласи тој,  се применуваат за сите угостителски објекти на територијата на Општина Кочани.

„Наша цел е уреден, безбеден и современ град во кој јавниот простор е во служба на граѓаните“, дециден е Грозданов.

Отстранувањето на бесправно изградените објекти на јавни површини од страна на угостителите од катот на Трговскиот центар – блок А во Кочани, е последица на договорот помеѓу градоначалникот Грозданов и самите угостители од јануари оваа година. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ