четврток, 12 март 2026

„Кочани ви благодари“ – признанија за медицинските установи и државите што помогнаа во лекувањето на повредените во пожарот

„Кочани ви благодари“ – признанија за медицинските установи и за државите што помогнаа во лекувањето на повредените во трагичниот пожар, најавуваат од Општина Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

„Годишнината од трагичниот пожар во Кочани ја доживуваме како момент на тивко сеќавање, но и како момент на човечка солидарност. Кочани ја носи болката од загубата на 63 млади животи, но истовремено ја памети и огромната поддршка што ја добивме од многу пријателски држави, институции и луѓе со големи срца“, изјави градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов.

Тој информира дека на 15 март, недела, во 13:30 часот, во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе им се упшати благодарност на претставниците од медицинските установи – клинички центри, воено-медицински академии и болници од повеќе држави кои помогнаа во лекувањето и рехабилитацијата на повредените.

„На врвни доктори и медицинари од Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Грција, Италија, Австрија, Белгија, Литванија, Турција, Шведска, Унгарија, Полска и Шпанија ќе им оддадеме признание за подадената рака, за солидарноста и за надежта што им ја дадоа на нашите млади луѓе и на нивните семејства – на сите нас. Заеднички, Општина Кочани, здруженија и локалната заедница, ќе ја искажеме нашата неизмерна и незаборавна благодарност кон нив“, додаде Грозданов.

Настанот ќе биде проследен со музички настап на Игор Дурловски и балетски перформанс на Јована Зајкова, Бобан Русески и Зарина Првасевда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ