понеделник, 29 декември 2025

Кочани се простува од возачот на Итната помош кој вчера цел ден спасуваше човечки животи

Утрово Кочани го разбуди уште една трагична вест. Почина Иле Гоцевски возачот на Итната медицинска помош кој вчера неуморно ги превезуваше повредените од трагедијата што се случи вчера рано утрото во дискотеката Пулс во која како последици на пожар загинаа 59 млади луѓе, а повеќе од 155 се повредени.

Објавено на

часот

Сподели

Колегите и вработените во Општата болница Кочани утрово се простуваат од Иле Гоцевски.

Гоцевски бил долгогодишен возач на возила во Итната помош во Кочани кој синоќа починал откако по напорниот и долг ден во кој пренесувал повредени од пожарот отишол дома да одмори, но не се разбудил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ