сабота, 21 јуни 2025

Коцевски најави отворање на два нови истражни центри во обвинителствата во Битола и во Штип

Јавните обвинителствата во Битола и во Штип ќе добијат нови истражни центри, најави денеска Државниот јавен обвинтел Љупчо Коцевски во воведното обраќање на работилницата “Разбивање на меѓународни криминални организации и мрежи за трговија со дрога”, што се одржува во Охрид. Заедно со оние во Скопје, Тетово, Куманово и во Обвинителството за гонење организрал криминал и корупција (ОЈОГОКК) во Македонија ќе работат шест обвинителско-истражни центри.

Објавено на

часот

Сподели

“Би сакал да ве известам дека донесов одлука и во постапка е веќе регрутирање на истражители за два нови истражни центри кои ќе функционираат во обвинителствата во Битола и во Штип. Покрај оние во Скопје, Тетово, Куманово и во ОЈОГОКК, двата нови истражни центри значително ќе ја зајакнат обвинителската структура и ефикасноста на постапките”, рече Коцевски.

Коцевски и повеќе јавни обвинители денеска во Охрид учествуваат на работилницата “Разбивање на меѓународни криминални организации и мрежи за трговија со дрога”, во организација на Амбасадата на САД и програмите на американскиот Стејт департмент и на Департментот за правда.

“Организираниот криминал предизвикува нестабилност и ја поткопува довербата во државата и во сите нејзини структури. Затоа спречувањето на активностите на организираните криминални групи не е предизвик само за истражните органи, туку и за општеството и за сите институции во целина. Отпорноста кон овој вид сложен криминал бара цврсти релации на меѓународна соработка, ефикасни кривични постапки, но и цврсти законодавни и антикорупциски политики. Без сите овие алки борбата ќе биде залудна”, рече Коцевски во почетното обраќање.

На работилницата покрај јавните обвинители, учествуваат и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, претставници на Министерството за внатрешни работи и судии од неколку  судови.

На дводневната работилница ќе се дискутира за прегледот на организираниот криминал во државава, предизвиците и заканите во активностите за негово сузбивање, американските најдобри практики во борбата против мрежите за трговија со наркотици. Воедно, ќе бидат разгледани конкретни предмети, неопходните реформи и следните чекори за зголемена ефикасност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ