недела, 14 декември 2025

Коцевски: Истрагата против Палевски е при крај, има докази против него

Истрагата против Љупчо Палевски Палчо, осомничен дека е организатор на грабнувањата и извршител на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, е при крај. Најдоцна наредниот месец ќе има обвинителен акт, изјави денеска државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Тој изјави и дека има докази против Палевски.

Објавено на

часот

Сподели

„Најверојатно до крајот на месецов или почетокот на другиот, според информациите што ги имам, постапката е при крај и преземени се сите процесни дејства што треба да се преземат. Законот дозволува спојување на постапките и нема никаков проблем со оглед дека се работи за ист кривично-правен настан и набрзо ќе има обвинение и за него. Постапките ќе се спојат и ќе се води една и единствена постапка за сите обвинети“, изјави Коцевски.

Првото рочиште против обвинетите како соучесници во двојното убиство треба да почне на 30 јули. На обвинителна клупа ќе седнат Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, кои се товарат дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата. Тие сведочеа дела Палевски е извршител на убиствата. Обвинет е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, дека помогнал во грабнувањето на својата ќерка.

Истрагата против Палевски почна во мај откако беше екстрадиран од Турција.

Според обвинението, целта на грабнувањето на 14-годишното девојче била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ