вторник, 9 декември 2025

Коцевски и Абази на конференција како да се казнуваат воените злосторства

Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски и oсновниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази учествуваат на регионалната конференција на јавни обвинители за соработка во обработката на предмети за воени злосторства што се одржува во Бриони, Хрватска.

Објавено на

часот

Сподели

Форумот организиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со поддршка од ЕУ и Владата на Обединетото Кралство, го отворија хрватскиот Генерален државен обвинител Иван Турудиќ, министерот за правда, администрација и дигитална трансформација на Хрватска, Дамир Хабијан, како и Главниот обвинител на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали Серж Брамерц.

Дискусијата, како што информираат од ЈОРМ, се фокусирала на механизмите за јакнење на регионалната соработка, заемното уважување на доказите и поддршка на жртвите и сведоците.

Во Република Северна Македонија нема активни постапки за воени злосторства, но македонското обвинителство е посветено на јакнење на каналите за меѓународна соработка кои треба да гарантираат дека ниту едно злосторство каде било во светот нема да остане неказнето, истакнал јавниот обвинител Коцевски пред учесниците на форумот.

„Воените злосторства се најтешките форми на нарушување на човековите права и на хуманитарното право. Тие се санкционирани и во македонскиот Кривичен законик. Ефикасниот кривичен прогон на воените злосторства е прв чекор кон помирување и траен мир, рече Коцевски“, се вели во соопштението од ЈОРМ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ