Коцевски, се вели во соопштението, го информирал Мекачи во однос на структурата и досегашните активности на привремената комисија задолжена да го следи постапувањето по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење на кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.
„Комисијата е формирана и веќе работи, а евентуалните пријави за кривични дела поврзани со изборите ќе имаат приоритет во постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период“, нагласија Коцевски и претседателот на комисијата Џељаљ Бајрами.
Во тој контекст, било истакнато дека Јавното обвинителство од почетокот на изборниот процес е веќе во координација и со другите надлежни институции, како што се ДКСК, ДЗР и Државната изборна комисија.






