„Како пратеничка група во рамките на Вреди имавме две средби – една неформална и една формална, на кои разговаравме за можноста за учество на локалните избори. На таа средба разговаравме за методологијата на распределба на позициите во администрацијата на општината и за формата на излегување на избори. Имаше две форми – форма на излегување на избори посебно и форма на излегување во заедничка форма, како коалиција. На маса се изложени двете верзии“, рече Шаќири.
Пратеникот потенцира дека има повеќе согласност во однос на тоа на избори да се излегува со заеднички листи и усогласување на ставовите за поделба на општините, како што рече, каде што се во согласност со обемот на политичките субјекти низ територијата на Македонија како партиска структура.
Тој информира дека следната недела парламентарната група ќе се состане и се очекува да ги усогласуваат ставовите на поделбата на позициите.
„Немаме точен ден, ниту датум, ниту рок. Следната недела ќе имаме уште една средба. Не знаеме точно кога ќе ја закажеме средбата, зависно од работните активности на Собранието. Следната недела ќе имаме средба и се надевам дека навреме ќе бидете информирани сите медиуми и новинари“, рече Шаќири.
Несогласувањата во Вреди излегоа на површина кога сите лидери на коалицијата јавно признаа дека се подготвени за коалициски натпревар на сите нивоа во трката за локалните избори, освен претседателот на Алијансата за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари, кој инсистираше на одвојување на листите на кандидати за советници. Тој дури и ја критикуваше ефикасноста на коалицијата, велејќи дека 70 отсто од Албанците сметаат дека Вреди не функционира добро и нема задоволителна застапеност во Владата.