вторник, 13 јануари 2026

Коалицијата Вреди го потврди учеството на лидерската средба

Коалицијата Вреди ќе учествува на утрешната лидерска средба во Клубот на пратеници, во Скопје, свикана од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку, коалицијата на лидерската ќе биде претставена од Биљал Касами.

„Ние ја прифативме поканата и одлучивме да одиме на таа лидерска средба. Таму ќе присуствуваме јас, како координатор и Биљал Касами, како еден од лидерите на Вреди. Во поканата нема конкретни прашања“, рече тој.

Во однос на „пржинската влада“, Ќоку нагласи дека не ѝ доликува на една земја која преговара за влез во ЕУ да има техничка влада.

„Во однос на ‘пржинската влада’, ние мислиме дека веќе не е потребно истата техничка влада да постои уште, бидејќи таа е составена кога државата беше во криза, а ние немаме веќе кризен модус. Ова го докажавме како Влада и како администрација во организирањето на локалните избори. Ние знаеме дека таа влада се составуваше и за да имаме покредибилни, фер и демократски избори“, рече тој.

Ќоку истакна дека земјата докажала на локалните избори дека и без „пржинска влада“ може да организира фер и демократски избори.

„Ние без ‘пржинска влада’ на Локалните избори докажавме дека не е потребна техничка влада за да имаме кредибилни, фер и демократски избори. Значи, не е потребно. Ние сакаме да сме дел од преговорите за Европска Унија и не доликува, не е нормално една држава што е пред вратата на ЕУ да има таква техничка влада, што значи дека не е кредибилна да организира фер и демократски избори“, рече тој.

Ќоку потенцира дека Вреди сè уште нема одлучено за моделот на изборните единици.

„Една изборна единица е само еден предлог. Има повеќе – со три изборни единици, со осум изборни единици, со отворени листи. Има еден сет предлози. Но ние како Вреди немаме краен предлог за кој модел сме, но се зборува – значи дискутираме за оваа тема без еден краен предлог“, изјави координаторот на Вреди, Беким Ќоку.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ