понеделник, 15 декември 2025

Коалицијата на ДУИ ги подели општините за кандидати за градоначалници

Алијанса на Албанците на Зијадин Села ќе предложи кандидати за градоначалник за Струга, за Дебар и Арачиново, партијата на Арбен Таравари за Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај. Ова денеска го соопшти ДУИ по седницата на претседателството на Генералниот совет на Демократската унија за интеграција за кандидатите за градоначалници и носители на листи за советници на коалицијата Европски фронт.

Објавено на

часот

Сподели

„Иден градоначалник на Општина Чаир ќе биде д-р Бујар Османи, иден градоначалник на општина Тетово ќе биде Бајрам Реџепи, за Желино Емир Сулејмани, носител на листа во Општина Гостивар ќе биде Валди Џафери, ностител на листата во Општина Струга ќе биде Фатон Положани“, изјави Арбр Адеми, портпарол на ДУИ по тричасовната средба на Генералниот совет на ДУИ.

За другите кандидати за градоначалници и ностители на листи за советници ќе се одлучува во следните четири дена.

„Сите овие кандидати ќе бидат заеднички на коалицијата, не се работи само за кандидати на ДУИ или на Алијанса за Албанците, кои се партнери. Поточно, од Алијанса за Албанците на Зијадин Села ќе добиеме предлог за кандидат за градоначалник во општина Струга, Дебар и Арачиново. Од АА на Таравари ќе имаме предлог во општините Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај, ќе ги потврдиме и кандидатите на ДУИ и на сите политички партии кои ја сочинуваат оваа коалиција“, истакна Адеми.

Генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети ќе биде шеф на централниот изборен штаб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ