понеделник, 22 декември 2025
Локални избори 2025

Коалиција за зелена иднина: Претепувањето на советникот во Виница е удар врз достоинството и изборното право на Ромите

Коалицијата за зелена иднина изразува длабока загриженост поради бруталниот напад врз кандидат за советник во Општина Виница. Особено алармантно е што жртвата е припадник на ромската заедница, која системски се соочува со маргинализација и дискриминација. Во предизборен период, кога кампањите се во полн ек, ваквиот чин не е само кривично дело, туку и напад врз достоинството на Ромите и врз нивното уставно и законско право да учествуваат слободно и безбедно во локалните избори—како кандидати и како гласачи, се наведува во соопштението од ДОМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Дополнително загрижува изборот на најголем дел од политичките партии да молчат и да се обидат да го дефокусираат вниманието на јавноста. Тој молк испраќа погрешна порака дека насилството може да се игнорира, ако е ‘непријатно’ за партиската калкулација. Со тоа се нормализира стравот, се релативизира достоинството на жртвата и се поткопува довербата дека изборниот процес е еднакво достапен за сите“, велат од Коалицијата за зелена иднина.

Ставот на Коалицијата за зелена иднина е јасен и недвосмислен, а тоа е дека инклузијата, правата и човековото достоинство не смеат да зависат од дневната политика.

„Демократијата не е декор за кампањи, туку рамка на правила што важат за сите и секогаш. Политичкиот процес има смисла само ако секој кандидат, секоја етничка заедница и секој граѓанин и граѓанка се безбедни да учествуваат без закани, насилство и омраза.

Воедно, партиското и институционално молчење пред насилство не е неутралност, тоа е сигнал кој го охрабрува и поттикнува неговото повторување. Затоа, очекуваме јавно, недвосмислено осудување и одговорно постапување од сите релевантни субјекти, во интерес на еднакво и безбедно учество на Ромите и на сите граѓани и граѓанки во изборниот процес“, реагираат и порачуваат од коалицијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ