сабота, 20 декември 2025

Клубот на пратенички со апел до институциите за заштита, спречување и превенција на насилството врз жените

Пратеничките од македонското Собрание, преку Клубот на пратенички реагираа на последниот случај на двојно убиство и самоубиство во Велес, како последица на подолготрајно насилство врз жена, за кое институциите биле  информирани.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние, жените – пратенички од Клубот на пратенички во Собранието, со оваа реакција повикуваме на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција на насилството врз жените.

Ние едногласно ги поддржавме измените на Кривичниот законик со кои фемицидот се препознава и се третира како кривично дело. Бараме од надлежните институции да ги преземаат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот.

Ние, жените од парламентот едногласно, остро и силно ги осудуваме зачестените случаи не само на свирепо насилство, туку и на фемицид!“, реагираат пратеничките.

Тие бараат од судските органи да ја имаат предвид ратификуваната Истанбулска конвенција и одредбите од Кривичниот законик кои се усогласени со неа.

„Фемицидот е најтежок облик на насилство врз жените само затоа што се жени! Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, а тоа треба да го обезбедат сите институции во државата!“, се бара во реакцијата на Клубот на пратенички.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ