понеделник, 15 декември 2025

Клиниката за белодробни заболувања кај децата – Козле доби вода, установата функционира во целосен капацитет

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано.

Објавено на

часот

Сподели

„Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет. Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти“, се наведува во соопштението на министерството.

Претходно денеска, МЗ соопшти дека поради прекин во водоснабдувањето во болницата во Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ