„Тоа значи, дека само минатата година, од она што сме го заработиле од приватни пациенти за услуги, кои не се под ФЗОМ, сме го субвенционирале Фондот со 4 милиони евра, за да ги исполниме обврските, кои сме ги преземале со договорот и да не ги оставиме пациентите непомогнати во животно загрозувачката состојба во која се наоѓале.
Клиниката бара да дојдат претставниците на надлежните финансиски институции и да утврдат дали е можно да се прави ‘бизнис’, како што некои тврдат, со овие цени кои се од Фондот за здравствено осигурување“, соопшти клиниката „Жан Митрев“.






