вторник, 27 мај 2025

Клековски: Вознемирувачка е понудата на СДСМ да помогне за состојбите во здравството

Новите апарати кои се купувале во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, во времето на СДСМ стоеле во подрум и не се употребувале, додека во одредени градови се користат апарати од 1985 година, рече синоќа директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски, во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“.

Објавено на

часот

Сподели

Тој говореше за ситуацијата во здравството, за лошото менаџирање на претходните власти и за предизвиците со кои сега се соочуваат.

„Состојбата во здравството била во надолна линија и затоа за мене звучеше прилично вознемирувачки понудата на СДСМ да помагаат на состојбите во здравството, за да потоа не го ни спомнуваат здравството. Здравството ни е таму каде што ни е, поради лошо чинење или нечинење на претходните власти“, рече Клековски.

Тој истакна дека финансирањето и долговите биле проблем во минатото, бидејќи од Буџетот не доволно се давало на здравството, а долговите се наталожувале. Долговите во јавните здравствени установи биле околу 5 милијарди денари (81 милион евра), за со ребалансот да се намалат за 2 милијарди.

„Буџетот за 2025 година е зголемен за 7 милијарди денари и изнесува вкупно 53 милијарди денари (860 милиони ева). Ова зголемување во огромен дел оди за ЈЗУ, од кои над 2 милијарди денари или околу 17% кумулативно оди за зголемување на платите. Околу милијарда денари одат за зголемување на капитациите во примарното здравство“, потенцираше Клековски.

Директорот на ФЗОМ, говореше и за Буџетот за лекување во странство, во однос на тоа кој го одобрува, како се финансира и која е процедурата за одреден пациент доколку има потреба да се лекува во странство.

„Лекувањето во странство се врши доколку се исцрпени можностите за лекување во Македонија и ова се поминува во неколку фази. Прво, јавното здравство треба да декларира дека не постојат можности за лекување на тој пациент во Македонија, а тоа е Клиничкиот центар кој треба да даде конзилијарно мислење потпишано од неколку овластени лица. Во следната фаза одиме кон приватното здравство дали има услови за вршење на услугата, доколку и таму нема можност, се оди кон следната фаза, барање на понуди од странство. Да потенцирам, доколку има конзилијарно мислење, Фондот не одбива лекување на пациент во странство“, појасни Клековски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ