„Пациентите имаат право да бараат уште. Мислам дека Владата работи да се разреши дефицитот на сензори во скора иднина. Од 2027 година дијабетесот ќе стане дел од работата на Фондот за здравствено осигурување и од сега се подготвуваме, имаме една година цела да се подготвиме да обезбедиме систем каде со соодветните критериуми сите ќе бидат згрижени“, рече Клековски по настанот по повод одбележувањето 25 години од осамостојувањето и континуираното работење на Фондот.
Клековски: Владата работи на разрешување на дефицитот на сензори за дијабетичарите
Најголем број од пациентите со дијабетес во моментот се третираат со трета генерација инсулин и споредено со регионот и со минатото тоа е голем напредок, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски одговарајќи на новинарско прашање по повод 14 ноември, Меѓународен ден на дијабетесот.

Објавено на
часот





