недела, 14 декември 2025

Клековски тврди дека нема ниту една пријава за непотребна операција

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изјави дека досега немало пријави за непотребна операција по пријавата на кардиохирургот Сашко Кедев за можни непотребни хируршки зафати.

Објавено на

часот

Сподели

„До средата немаше ниту една пријава за евентуална постапка за непотребна операција. Ние повторно ги повикуваме сите пациенти кои се сомневаат, без разлика дали имаат материјали и документи или не, бидејќи најголем дел документите се чуваат во архивите на болниците, да поднесат претставки“, рече тој во изјава за медиуми при денешната посета на болницата во Кочани.

Министерството за здравство, во меѓувреме, најави формирање на независна комисија составена од експерти од странство со цел да се утврди дали навистина се вршеле непотребни хируршки зафати во приватните здравствени установи согласно наводите на кардиохирургот Кедев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ