„Владата има премиер кој го составува владиниот тим. Јас се чувствувам комплетно продуктивно и посветено во Фондот каде има многу работа. Ќе бидам отворен за разговор, зависно од потребите. Но, повторно ќе кажам, во ФЗО има многу што да се работи, така да какви било рокади мора да предвидуваат комплетно решевање на кадровската екипираност во секторот здравство“, истакна Клековски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за повредените во трагедијата во Кочани.
Ресорот здравство го водеше Арбен Таравари кој минатата недела, откако соопшти дека неговата партија излегува од Владата, и официјално поднесе оставка од министерската функција.