вторник, 7 април 2026
Светскиот ден на здравјето

Клековски: Kлучна мисија на ФЗО е да биде стабилен финансиски столб на здравствениот систем

Нашата клучна мисија е јасна, да бидеме стабилен финансиски столб на здравствениот систем, за да можат лекарите да лекуваат, а пациентите да бидат згрижени. Во изминатиот период преку заедничка работа направивме значајни исчекори. Обезбедивме повиски примања за здравствените работници и тоа реално зголемување на платите во јавното здравство, историско зголемување на капитацијата на матичните лекари, вели директорот на ФЗОМ Сашо Клековски во честитката по повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето.

Објавено на

часот

Сподели

Тој честитајќи го Светскиот ден на здравјето изрази длабока благодарност до сите здравствени работници нагласувајќи дека тие се оние кои секојдневно стојат на првата линија во грижата за нашите животи.

„Направивме значајни чекори во зголемување на пристапот на лекови и тоа на скапата биолошка терапија и по повеќе од една деценија ја обнвовивме позитивната листа со нови лекови. Работиме на подобрување на условите за работа, нова опрема и нови методи. Ова не се само бројки во буџетот. Ова значи подобар пристап до терапија, поголема сигурност за пациентите и помотивирани здравствени професионалци“, вели тој.

Дека нашиот систем знае да биде брз, солидарен и професионален кога е најтешко, според негомсе покажало и при трагедијата во Кочани.

„Во такви моменти Фондот е тука да гарантира дека сите средства се секогаш достапни таму каде што се најпотребни. Нашата цел останува иста, здравствен систем кој е достапен, квалитетен и одржлив за сите. Здравјето е наша заедничка одговорност. Да го чуваме, да го унапредуваме и да вложуваме во него секој ден. Честит 7 Април, Светски ден на здравјето“, вели Клековски во честитката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ