„Да бидеме јасни: назначувањето на Меџаит Јусуфоски како вршител на должност е направено во согласност со законот, како внатрешно и итно решение, во момент кога ЈП ‘Водовод и канализација’ беше на работ на колапс. Некој мораше да го преземе кормилото и тој го направи тоа“, реагираат од кабинетот на Ќира.
Полицијата соопшти дека Јусуфоски бил назначен без да има соодветно факултетско образование и немал соодветен сертификат за англиски јазик, а тоа осомничениот Ќура го знаел, но сепак го назначил.
„Да, можеби нема сертификат за англиски јазик… но направи нешто што многумина ‘сертифицирани’ не успеаjа со години: за само три месеци ги удвои приходите на претпријатието и ја стабилизираше состојбата на истото. За да ја информираме јавноста, ова претпријатие повеќе од еден месец функционира со нов директор, Јованчо Мечаркоски, а не со вршителот на должност Јусуфоски. Затоа, пред да се пласираат обвинувања, добро е да се погледнат фактите. Бидејќи граѓаните не живеат од пријави, туку од услуги што функционираат“, стои во реакцијата.
Пријавата пак според градоначалникот е политичка бучава наместо реформи и услуги за граѓаните.
„Реформите не запираат од бучава. Напротив, тоа само ја зајакнува решеноста да се продолжи со промените што Струга одамна ги чека. Градоначалникот останува целосно отворен за соработка со институциите на правдата, но и решен е да не дозволи враќање во времето кога јавните претпријатија служеа за сè, освен за граѓаните“, стои во реакцијата.






