„Разговаравме за следните избори, за следните средби. Детално ќе разговараме за тоа во кои општини ќе одиме заедно. Ова беше уште една позитивна средба во духот на соработката. Апсолутно, ние сме заедно, продолжуваме заеднички и останува да се разговара само за деталите и за тоа како ќе се поделат општините. Не се согласуваме на најдобар можен начин, но, во секој политички субјект тоа се случува, и кај партиите поединечно“, рече Ќоку.
На состанокот присуствуваа лидерите на партиите кои учествуваат во коалицијата Вреди: Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Изет Меџити од Демократското движење, Биљал Касами од Беса и Зеќирија Ибраими од Алтернатива.
Пред состанокот, Таравари изјави дека нема да има поделби внатре во коалицијата и дека состанокот е редовен. Меџити посочи дека коалицијата ќе настапи со заеднички листи на изборите, додека Ибраими истакна дека состанокот е координативен. Касами изрази убедување дека коалицијата ќе настапи заедно на изборите и дека ќе продолжат редовните комуникации.