недела, 14 декември 2025

Ќе се купува нова механизација за депонијата Русино за безбедно управување со отпадот

Со договорот, во вкупна вредност од 1.142.200 евра, ќе се набави комплетна механизација неопходна за модерно и безбедно управување со отпадот  вклучувајќи компактор, товарач, трактор со приколка за вода, камион и резервни делови. Набавката доаѓа како директен одговор на барањето што беше упатено до министерот Меџити за време на неговата неодамнешна посета на депонијата Русино.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Финансирањето, како што информира ресорното министерство, е обезбедено преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со дополнителна поддршка од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања, Инвестициската рамка за Западен Балкан и Шведската влада преку СИДА.

„Оваа набавка претставува важен чекор за воспоставување на функционален, регионален систем за управување со отпадот во Полошкиот регион. Благодарни сме за поддршката од нашите меѓународни партнери, кои со години се наш сојузник во напорите за унапредување на еколошките стандарди“, изјавил министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик на претседателот на Владата, Изет Меџити.

Со обезбедувањето на оваа механизација, велат од Министерство, депонијата Русино ќе може да функционира по еколошки стандарди, со што значително ќе се подобрат условите за животна средина и здравјето на граѓаните во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ